• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ко-лидерката на СПД сака најмалку четири жени од партијата да бидат министерки во новата влада на Мерц

Ко-лидерката на СПД сака најмалку четири жени од партијата да бидат министерки во новата влада на Мерц

Берлин, 15 aприл 2025 (МИА) - Најмалку четири жени од германската Социјалдемократска партија (СПД) треба да бидат министерки во идната влада, изјави за ДПА ко-лидерката на партијата Саскија Ескен.

„Нашата цел мора да биде да создадеме паритет во кабинетот и преку политиката“, рече Ескен во забелешките објавени денеска, неколку дена откако СПД постигна коалициски договор со блокот ЦДУ/ЦСУ на конзервативниот лидер Фридрих Мерц.

Според условите на коалицискиот договор, СПД треба да има седум од 16-те позиции во кабинетот, и покрај тоа што освои само 16,4 отсто од гласовите на парламентарните избори во февруари. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан