• понеделник, 23 декември 2024

Колев: Градежна офанзива во Велес и велешко

Колев: Градежна офанзива во Велес и велешко

Велес, 13 мај 2024 (МИА) - Во Велес ќе продолжи изградбата на кејот на река Вардар помеѓу Мало Мовче и Стар Мост, со што градот ќе добие уште едно атрактивно место за одмор и рекреација информира на денешната прес конференција градоначалникот Марко Колев.

Воедно најави дека Општината во наредниот период има планови за продолжување на изградбата на кејот од Стар мост до ресторан ,,Пармакот“ или од Нов мост до игралиштето во населба Дворови.

Колев најави градежни активности во повеќе улици во градот. Следува реконструкцијата на улицата ,,Раштански пат” и тоа од фабриката ,,Брако” до поранешната фабрика ,,Киро Ќучук” и од ,,Киро Ќучук” до Ветеринарната станица. Ќе се реконструира и улицата ,,Луј Пастер” од ,,Киро Ќучук” до спојот со улицата ,,Благој Ѓорев”кај игралиштето Тунел.

Ќе реконструираат и улиците ,,Борис Трајковски “ од Трговскиот центар преку училиштето ,,Васил Главинов’’ до силосите на ,,Жито Вардар” улиците ,,Љубљанска” ,,Страшо Пинџур” и ,,Гоце Делчев” ,,Кирил Пелчиновиќ” ,Илинденска” со ,,Димитар Влахов” ,,Алексо Демниевски” ,,Бауман” улицата ,,Никола Вапцаров” на Камено брдо, а за улицата Белградска се подготвува проект.

Во велешко ќе се бетонираат и улици во населените места Иванковци, Чалошево и Башино Село.

Градоначалникот на Велес најави и дека до крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на игралиштето во населба Дворови, а во наредниот период следува реконструкција на игралиштата во Превалец, училиштето ,,Васил Главинов” Башино Село , Отовица и Иванковци.

Реконструкција на водоводна мрежа ќе има на улиците ,,Луј Пастер” ,,Питу Гули” и ,,Кирил Пејчиновиќ” а фекална канализација ќе се поставува во населбата Превалец и на два крака во населба Речани.
Градоначалникот Колев ја најави и реконструкцијата на околината на Спомен костурницата од НОВ и Комплекс УЗУС. ад/сст/

фото МИА 

 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан