• сабота, 21 декември 2024

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,...,како ќе кажат – така

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,...,како ќе кажат – така

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Што се однесува до мене, уставните измени може да ги гласаме денес, може да ги гласаме утре, може да ги гласаме задутре, може да ги гласаме пред формирање на влада, по формирање на влада, на исти ден со формирање на влада во 12 напладне, во 12 навечер, 3 попладне, 3 сабајле – како ќе кажат – така, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. 

Тој ги повика останатите политичари да му се јават кога ќе седнат и кога ќе соберат храброст сите да донесат одлуки важни за иднината на државата. 

-Јас мојот став веќе сум го искажал со ставање на мој потпис на уставите измени коишто се поднесени во Собранието. Ние преговаравме долго со Бугарија, со Франција, со други земји членки на ЕУ, имавме помош од земји стратешки партнери наши  и успеавме да испреговараме преговарачка рамка во која што имаме чист македонски јазик, имаме заштитен македонски идентитет и македонска култура. Ги отпочнавме преговорите со ЕУ и ја завршивме скрининг фазата. Втората меѓувладина конференција ќе биде одржана без никакви услови и без никакви дополнителни закажувања штом ги завршиме уставните измени заради вклучување на други делови од народи во нашиот Устав вклучително и на бугарскиот народ и сметам дека тоа треба да се направи, истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешната средба со претставници на невладината „Македонија 2025“. 

Рече дека еднаш засекогаш треба да постои документ во што јасно се диференцираат македонски од бугарски граѓани. 

-Ставот на СДСМ е многу јасен исто како што имавме многу јасен став кога влегувавме во Обединетите нации истите кога немаа храброст и сега немаат храброст и исто како што имавме јасен став при прифаќањето на европската преговарачка рамка, отпочнувањето на преговорите и отпочнувањето на процесот во уставни измени. Фатмир, Филип, јас, Сања, Оливер, Љупчо, Миле сите сме спремни тоа да се заврши и Северна Македонија конечно да ги отвори сите поглавја. Веќе две се спремни и за затворање, бидејќи ги имаме исполнето сите услови. Извештаите за првите два кластера се пристигнати, трите патокази ги испорачавме во Брисел. Македонија е подготвена да ги води, да ги заврши преговорите и да стане земја членка на ЕУ. Сега зависи од одлучност и храброст, потенцира Ковачевски.вј/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан