• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски - Калас: Соработката со Естонија за дигитална трансформација е од голема важност за јакнење на кибер безбедноста на Северна Македонија

Ковачевски - Калас: Соработката со Естонија за дигитална трансформација е од голема важност за јакнење на кибер безбедноста на Северна Македонија

Минхен, 18 февруари 2023 (МИА) - Од голема важност за Северна Македонија е поддршката од Естонија во пренесување на нејзиното искуство и знаење во дигиталната трансформација, што се  очекува да резултира со брз развој на електронските услуги, кои ги обезбедува јавната администрација во земјава, беше потенцирано денеска на средбата во Минхен на премиерот Димитар Ковачевски и естонската премиерка, Каја Калас.

На средбата, која се одржа на маргините на 59. Минхенска безбедносна конфереција, учествуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Ковачевски на средбата со Калас упатил благодарност до владата на Естонија за силната и гласна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Ковачевски-Калас Минхен

Двајцата премиери, соопшти Владата, истакнаа дека Северна Македонија и Естонија, како држави сојузнички во НАТО, ќе продолжат и натаму да даваат активен придонес во Алијансата во насока на зачувување на мирот и безбедноста на европскиот континент.  Двајцата соговорници размениле мислења за влијанието на актуелните геополитички предизвици врз интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ. Премиерот Ковачевски ја потенцирал посветеноста на Владата на скрининг процесот, како и заложбата за единство на сите политички и општествени чинители во Северна Македонија за членство во Европската Унија. Ковачевски истакнал дека Северна Македонија во ЕУ има пријатели, сојузници и поддршката за забрзување на преговорите, и како што напоменал, шансата сега не смее да се пропушти.Ковачевски ја поканил премиерката Калас да ја посети Северна Македонија. ац/

 

Остани поврзан