• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски: Избор меѓу надеж, посветена работа и чесност наспроти кукавичлук, лажен патриотизам и дигање раменици

Ковачевски: Избор меѓу надеж, посветена работа и чесност наспроти кукавичлук, лажен патриотизам и дигање раменици

Охрид, 19 април 2024 (МИА) – Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува. Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја. Тоа го изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.

- Јас верувам дека во Европска Македонија животниот стандард ќе биде многу подобар, и дека во Европска Македонија ќе успееме да изградиме систем на владеење на правото и ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Се согласувам дека тој пат не е лесен - истакна Ковачевски и додаде: СДСМ покажа дека има храброст да носи тешки, но важни и неопходни одлуки. Има ли подобар доказ од тоа дека Македонија стана рамноправна членка на НАТО. Има ли подобар доказ за тоа од фактот дека Македонија ги започна преговорите со ЕУ, рече лидерот на СДСМ.

Ковачевски нагласи дека СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски нудат јасен план за европски животен стандард, простепритетна и развиена држава во која функционира демократијата, владеење на правото, социјална правда и во која има слобода на медиумите и изразувањето.

- Нема застанување додека Македонија не ја направиме дел од Европа, нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија, нема откажување од иднината. Изборот е јасен – победничка европска Македонија, им порача Ковачевски на граѓаните на Охрид.

Лидерот на СДСМ од говорницата посочи дека многу е направено изминатите седум години, дека имало и подеми и падови, но оти во ниту еден момент немало откажување.

- Како со ковид и со енергетската криза, цело време бевме со граѓаните. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6  милијарди евра, спасивме 80 илјади работни места, им помогнавме на 660 илјади домаќинства да не се соочат со ценовен шок на електричната енергија. Ветивме просечна плата од 500 евра, но го надминавме тој праг и денес таа инзеува 650 евра. За трипати ја зголемивме минималната плата од осум илјади на 22,500 денари. Пензиите ги зголемивме за 55 проценти, издовивме сто милиони евра да ги поддржиме македонските компании. Нови пет илјади млади луѓе добија работа во макеоднски компании поддржани од македонската влада. Енергетската трансформација што ја започнавме овозможи нови 600 мегавати обновлива енергија...Тоа е резултат на социјалдемократски политики, политики кои мислат на граѓаните и државата, а не на политики кои мислат само на една политичка врхушка како што гледавме до 2016 година, рече пред охриѓани лидерот на СДСМ.

Тој додаде дека е свесен оти тој и неговиот тим не биле совршени и безгрешни во работењето, дека имало и голем број пропусти и грешки. Ги слушнал критиките на граѓаните за високите цени, за корупцијата, за проблемите во здравството, образованието, во вледеењето на правото и општо во услугите кои граѓаните ги добиваат.

- Да, требаше да направиме повеќе и подобро. Свесен сум за грешките, но мислам дека токму тоа е мојата најголема предност. Знам каде грешевме и давам збор дака сето тоа ќе го исправиме. Јас и моите другаи од СДСМ и Коалицијата за европска иднина сме подготвени да работиме ден и ноќ, за да го реализираме она што стои во нашата програма, рече тој притоа истакнувајќи дека доколку ја добие довербата во наредниот мандат гарантира просечна плата од 1100 евра и минимална плата од 600 евра...

Тој вети дополнителен раст на платите, пензиите, многу други финасиски мерки и бенифиции за пензионерите, младите...

- Ветуваме по 200 евра месечно за секое прво вработување на лице до 26 години. Програма за субвенции за купување дом за млади до 29 години. Дел од нашата програма се грантови од одум илјади евра за започнување сопствен бизнис, бесплатен оброк за студентите,  бесплатен превоз за студентите и учениците, бесплатни екскурии...Планираме финансиска поддршка за земјоделците од 1,35 милијарди евра,со грантови за мали винарии од 15 илјади евра, за земјоделци од десет до 20 илјади евра, грантови од десет илјади евра за жени земјоделки. Ветуваме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал, до 180 илјади денари за специјалисти, 120 илјади денари за општи лекари и до 90 илјади денари за медицински сестри, а за граѓаните бесплатно здравство, рече Ковачевски, нагласувајќи дека средствата за тоа ќе бидат обезбедени преку кастрење на непродуктивните трошоци од управните и надзорните одбори, заменици, помошници директори.

Најави поефикасна, решителна, конечна борба против корупцијата.

- Заврши времето на злоупотреби, лично богатење и системски неправди, заврши времето на предмети по фиоки. Најавуваме сериозни реформи во судството со ветинг на судии и јавни оввнинители, но ќе се направи и проверка на потеклото на имот на сите функционерим пратеници, министри, судии, директори и тоа не од сега туку од 1991 година наваму, рече Ковачевски.

Притоа тој посочи дека тоа се само мал дел од мерките предвидени во Прогамата за европска Макеоднија, за која рече дека е реална, остарлива. Дека навистина може тоа да се оствари лидерот на СДСМ уште најави дека раководни функции во иднина ќе има само за оние кои заслужуваат, за искусни, вредни, вешти кадри кои можат да потврдат дека на вистински начин ќе раководат со институциите.

По однос повикот на лидерот на опозициската ДПМНЕ за национален мораториум, Ковачевски рече дека наместо национално единство за мораториум, на Македонија и е потребно национално еднство за јуриш кон иднината, а тоа нагласи е европскиот пат.

На вечерашната презентација за дел од програмата говореше и Јован Митрески, носителот на листата на Коалицијата за европска иднина за петтата изборна единица. Тој од говорницата порача дека вистински патриотизам секогаш бил и ќе остане носењето државнички одлуки. Митрески истакна дека пред нас стои уште една одлука од која зависи иднината. Државата мора да оди напред, не смееме да дозволиме младите да бидат жртви на политичари без став, изборот е или интеграција или изолација.

- Како мала економија сме ранливи, оттаму потребна ни е ЕУ за побргу за ги донесме европските ведности дома, да ги зголемиме платите, да ја прошириме туристичката сезона преку целата година...На тој пат имаме препреки, претходно однадвор, сега од дома. Јасен е заклучокот, како земја ништо лесно не сме добиле, сме се изнамачиле за секое прашање, ниту една лесна битка не сме имале во минатото. Независно како тоа изгледа од денешен аспект, можеби сме подзаборавиле, сепак повозрасните добро паметат дека сме создавале независна, суверена, самостојна држава Македонија без буџет, без војска, со ембарго, со гориво на бонови, со инфлација од над две илјади проценти. Но, станавме независна држава без жртви, без војни, благодарение на тогашните СДСМ-овски пратеници и нашиот претседател Киро Глигоров. И тогаш и сега имаше и имаме самопрогласување наводни патриоти и наводни предавници. Тогаш со пораки за сечење канџи, со карти на големи држави, за одржување конгреси во градови во други држави. Денес за наводна бугаризација и асимилација. Повторно самопрогласување предавници и патриоти, само лаги и манипулации, за ситни бедни, евтини политички поени и гола борба за власт, рече тој.

Бисера Костадиновска Стојчевска од своја страна посочи дека СДСМ има јасен план како да се продолжи на европскиот пат.

Таа меѓу другото укажа на низата донесени закони насочени кон заштита на статусот на Охрид во УНЕСКО, мерките за пенизонерите, за вработените во културата, за младите луѓе, за повисоки плати, за помирен живот на граѓаните...

Ова се избори меѓу иднина и магливо и мрачно минато...Да се избере надеж и европска иднина, опција што се грижи за сите генерации, наспроти враќање на власта во рацете на манипулатори кои не ја гледаат иднината, особено кога на дофат ни е Европа, рече таа.

Кандидатите за пратеници од Охрид, Леонора Новевска, Жаклина Лазаревска, презентираа дел од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, како за помош за младите лица, така и за начинот како да се чува и развива Охрид, се она што изминатите седум години е вложено во негов развој и одбраната на неговиот статус во УНЕСКО.

Само кога СДСМ ја има централната власт, само тогаш се издвојуваат средства за Охрид, тоа е така и никако поинаку, рече Лазаревска. аб/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан