• четврток, 26 декември 2024

Кобахидзе: Зачестија нападите на опозицијата врз канцеларии на владејачката партија „Грузиски сон“

Кобахидзе: Зачестија нападите на опозицијата врз канцеларии на владејачката партија „Грузиски сон“

Тбилиси, 2 декември 2024 (МИА) - Претставници на опозицијата ги напаѓаат регионалните ограноци на владејачката партија „Грузиски сон“, изјави денеска премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе.

„Вчера се обидоа да ја запалат нашата канцеларија во Кутаиси, денеска ја нападнаа канцеларијата на партијата во Зестафони“, рече Кобахидзе.

Тој посочи дека владејачкиот „Грузиски сон“ има повеќе ресурси од сите опозициски политички сили и затоа нема намера да одговара на провокации.

Уште една серија протести на опозицијата почна во четвртокот во Грузија, откако премиерот Кобахиџе објави одлука да го прекине разгледувањето на почетокот на преговорите за членство на земјата во Европската унија до 2028 година.

Демонстрантите употребија петарди, камења, шишиња, а соопштено е дека на местото на конфликтот се пронајдени шишиња со молотови коктели. Од друга страна, безбедносните сили на државата на овие облици на насилство одговараат, како што се наведува, со употреба на водени топови и солзавец.

Најмалку 44 лица се повредени и хоспитализирани во судирите и полициската интервенција на протестите што се одржуваат во грузискиот главен град Тбилиси поради одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување во Европската унија, објавија официјални лица. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан