• недела, 22 декември 2024

Коалиција Вреди: Работиме на нов закон за решавање на прашањето за правична застапеност

Коалиција Вреди: Работиме на нов закон за решавање на прашањето за правична застапеност

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Коалицијата Вреди вечерва објави реакција на одлуката на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и замрзнување на т.н балансер. Оттаму исто така информираа дека работат на нов закон за решавање на ова прашање. 

- ВЛЕН остро реагира на одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и замрзнување на т.н. балансер. Оваа одлука е инспирирана од очигледната потреба на криминалните структури на претходната власт за создавање меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи во државата. Сакаме да укажеме на јавноста дека сите судии, без исклучок или каква било припадност, се избрани со гласови на ДУИ во претходните мандати. ДУИ давала поддршка на сите оние кои денес поведоа постапка против т.н.
балансер, се наведува во соопштението од партијата. 

Коалицијата, како што се наведува, веќе работи на решавање на проблемот со правичната застапеност на Албанците во институциите, но на, како што стои, „адекватен систематизиран и кодифициран начин“ најавувајќи нов закон. 

- ВЛЕН ќе го реши овој проблем со нов закон на кој веќе се работи. Да потсетиме дека принципот на рамноправна и правична застапеност е гарантиран со Уставот на Република Северна Македонија и тој не може да биде оспорен и поништен дури ни од страна на Уставниот суд. Дополнително, во десетици и десетици, можеби и стотици материјални закони за функционирањето и работата на поединечни институции гарантирана е застапеноста на Албанците. Денешната одлука нема да смени ништо за правата на Албанците, ама ја покажува лошата намера на оние кои ги избраа овие судии во Уставниот суд, посочуваат во соопштението од Коалицијата Вреди. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан