Коалиција „Вреди“: Модернизација, безбедност и подобар живот, општините напредуваат
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 14 јануари 2025
Коалицијата ВЛЕН им го менува ликот на нашите општини! Со големи проекти, јасна визија и непоколеблива посветеност, на секој граѓанин му носиме модернизација, безбедност и подобар живот. Ова е само почеток на посветла иднина!
Oпштина Гостивар станува дел од една поширока визија за модерен и квалитетен живот. Еден од главните проекти е издвојувањето на над 161 милион денари за 2025 година, наменети за реконструкција на патишта и подобрување на патната инфраструктура. Оваа инвестиција е значајна за зголемување на безбедноста, функционалноста и квалитетот на животот во општината, придонесувајќи за изградба на урбана средина достојна за граѓаните.
Покрај инвестициите во патишта, големо внимание ќе се посвети на зачувување на животната средина и подобрување на основната инфраструктура. Општина Гостивар ќе добие алатки за селекција и транспортирање на отпадот, за да помогне во создавањето почиста и поздрава животна средина. Исто така, проектите за изградба на фекални колектори, канализации, резервоари за вода и нови водоводни линии се доказ за нашата посветеност на ефикасно управување со виталните ресурси.
Но, тоа не е се. Во Тетово вкупно планираните инвестиции изнесуваат 332 милиони денари, а опфаќаат проекти како што е реконструкција на водоводната мрежа во село Порој - 25 милиони денари (финансирани од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање). Поставување на заштитна ограда во река Шкумбин (во недовршениот дел) - 9 милиони денари (од буџетот на Министерството).
Реконструкција на магистрален водовод за водоснабдување од Попова Шапка до Тетово – 65,5 милиони денари од вкупно 140,7 милиони денари (од кредитните средства на Европската инвестициска банка). Проширување на водоводната мрежа за населбата “Вонвардарска“ - 15 милиони денари (од средствата за капитални дотации на Министерството), како и многу други проекти од витално значење за граѓаните.
Овие инвестиции се дел од стратегијата на коалицијата ВЛЕН, каде инфраструктурата и чистата животна средина се главни столбови за долгорочниот развој на општините.
Одржливиот развој не е само приоритет, туку и заложба за градење подобра иднина!!
Коалиција „Вреди“
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото: МИА архива