• петок, 20 декември 2024

Книжевно читање и изложба вечер во рамките на мултимедијален настан „Клинци“

Книжевно читање и изложба вечер во рамките на мултимедијален настан „Клинци“

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер ќе се случи петтото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, со поддршката од „Europe House Skopje“.

Како што најавија организаторие, во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање на кое ќе настапат авторите Дамјана Видическа, Милена Сиљаноска, Теодор Тасевски и Андреј Медиќ Лазаревски.

На ова издание на „Клинци“ учество ќе земат и „Skopje Collage Collectivе“, кои ќе се претстават со изложба составена од избор колажи од нивните предизвици.

Автори на изложените колажи се Јане Вељаноски, Николета Георгиевска, Мартина Даниловска, Филип Зарков, Ива Јованова, Теодор Јуруковски, Андреј Медиќ Лазаревски, Катерина Мандариќ, Стефан Назифовски, Димитар Назифовски, Марко Трпески. Изборот за изложбата е направен од осоновачите на колективот Филипа Сара Попова и Марко Трпевски.бт/вг/

Фото: плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан