• вторник, 05 ноември 2024

Клиниката за детски болести доби донација автомобил

Клиниката за детски болести доби донација автомобил
Скопје, 22 март 2021 (МИА) - Универзитетската клиника за детски болести во Скопје доби нов автомобил кој ќе биде наменет за вработените кои вршат конзилијарни прегледи и дополнителни консултации во други здравствени установи, како и за сите останати потреби на Клиниката. Возилото е донација од компанијата „Моцарт“ која досега на оваа клиника донираше медицинска опрема во вредност од 1.100.000 денари, а за време на пандемијата и прочистувачи на воздух во рамки на кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“ и лаптопи наменети за потребите на хемато-онколошкото одделение. - Навистина се израдувавме кога добивме информација дека ќе пристигне донација автомобил, со кој што ќе можеме ние, вработените пред сè, да вршиме конзилијарни прегледи и возилото ќе ни биде од огромна помош. Како што знаете, во оваа пандемија, децата заболени од коронавирусот одат во Институтот за белодробни заболувања, а ќе треба и наша дополнителна консултација, каде што е потребно одредени деца да се одвезат до други установи, па тоа ќе биде направено со ова возило. Голема благодарност до компанија Mozzart, која повторно прави донација во нашата клиника, а досега за време на пандемијата донираа прочистувачи на воздух и лаптопи наменети за децата од хемато-онколошкото одделение, изјави директорката на Клиниката, д-р. Аспазија Софијанова. Од компанијата „Моцарт“ велат дека хуманите активности во услови на пандемија се значајни повеќе од кога било, особено за здравствениот систем. - Нашата компанија преку различни и бројни акции континуирано го поддржува здравствениот систем, а се надеваме дека со оваа донација ќе помогнеме во непречено функционирање на дел од теренската работа на клиниката, изјавија од менаџментот на „Моцарт“ од каде најавија и нови хуманитарни акции во следниот период. Компанијата „Моцарт“ досега во борбата против пандемијата на коронавирусот донираше финансиски средства, болнички кревети за интензивна нега, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети и други материјални добра. бак/лв/

Остани поврзан