Клаузулата за продолжување на договорот на Илкај Гудноган со Манчестер Сити е активирана, но неговата иднина во клубот е неизвесна
- Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека Илкај Гундоган го активирал продолжувањето на договорот, иако остануваат сомнежите за иднината на играчот од средниот ред во клубот.

Манчестер, 14 април 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека Илкај Гундоган го активирал продолжувањето на договорот, иако остануваат сомнежите за иднината на играчот од средниот ред во клубот.
Гундоган го напушти Сити во 2023 година кога замина во Барселона, но се врати само една година подоцна поради финансиски проблеми во каталонскиот гигант.
По враќањето, поранешниот германски репрезентативец потпиша едногодишен договор, а Гвардиола рече дека опцијата за продолжување на договорот до летото 2026 година била поттикната од бројот на натпревари што играчот веќе ги одиграл за Сити.
-Тој дефинитивно има уште една година од договорот. А што ќе се случи на лето, не знам. Илкај моментално има уште една година од договорот, објасни Пеп Гвардиола.
По тешкиот почеток ори вториот мандат во Манчестер Сити, Гундоган постепено ја подобруваше формата и беше стартер на последните пет натпревари на актуелниот шампион во Премиер лигата.
Се очекува тој да има клучна улога во составот на „граѓаните“ до крајот на сезоната. дс
Фото: Архива