• четврток, 21 ноември 2024

КИЦ-Битола домаќин на изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“

КИЦ-Битола домаќин на изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“

Битола, 13 ноември 2024 (МИА) - Културно информативниот центар-Битола вечер во соработка со Француското конзуларно претставништво и Француската Алијанса ќе отворат изложба „Париски рефлексии 2 и 3“.

Пред битолската јавност ќе се претстави втората генерација автори кои се родени до 1930 година, и се вклучиле во дефинирањето на ликовната сцена кај нас по Втората светска војна, односно Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Миле Корубин, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

Изложбата ќе ја отворат Благојче Божиновски, в.д. директор на Културен и информативен центар- Битола, Маја Неделкоска-Брзанова, в.д. директор на Националната галерија и Филип Маршето, прв советник во Амбасадата на Франција. мт/нд/

Фото: КИЦ Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан