• сабота, 23 ноември 2024

Кинески дипломат до Помпео: Кина и САД да одржуваат меѓусебни односи во период на пандемијата

Кинески дипломат до Помпео: Кина и САД да одржуваат меѓусебни односи во период на пандемијата
Пекинг, 15 април 2020 (МИА) - Кинескиот дипломат Јанг Џиечи денеска му порача на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека е клучно Кина и САД на соодветен начин на одржуваат меѓусебни односи  во период на пандемија на Ковид-19, пренесува кинеската државна телевизија ЦЦТВ. Јанг во телефонски разговор со Помпео изрази надеж дека САД и Кина ќе се најдат на половина пат и ќе се фокусираат на соработката и промовирањето на билатералните односи во согласност со интересите на двете земји. Тој додаде дека Кина е подготвена да продолжи да споделува информации и искуство со САД за спречување на вирусот и ставање под контрола. паг/

Остани поврзан