• понеделник, 23 декември 2024

Кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг се сретна со италијанската премиерка Мелони

Кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг се сретна со италијанската премиерка Мелони

Пекинг, 29 јули 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони, при што ги повика двете земји да ги разгледаат заемните односи на долгорочна перспектива и да работат заедно на меѓународните прашања.

„Кина е многу важен соговорник за прашањето на растечката меѓународна несигурност“, рече италијанската премиерка Мелони.

Таа ја изрази својата увереност дека Рим може да има значајна улога во односите на Пекинг со Европската унија во услови на трговски тензии меѓу 27-члениот блок и втората по големина економија во светот.

Мелони е во петдневна посета на Кина, во рамки на која вчера се сретна со својот кинески колега Ли Кианг. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан