• петок, 22 ноември 2024

Кина уапси професор кој го критикуваше Си Џинпинг за коронавирусот

Кина уапси професор кој го критикуваше Си Џинпинг за коронавирусот
Пекинг, 6 јули 2020 (МИА) - Кинеските власти уапсија професор по право, кој објави есеј во кој го критикува претседателот Си Џинпинг и мерките на владата во борбата борба против коронавирусот, како и напорите на шефот на државата да ја консолидира власта. Ова го објавија пријатели на притворениот научник, кои ги информирале светските агенции. Сју Џангрун, кој е редок критичар на кинеската Влада во исклучително цензурираните академски кругови, бил одведен од неговиот дом во предградие на Пекинг од страна на повеќе од 20 лица, објаснил еден од неговите пријатели. Сју во февруари објави есеј во кој ја обвинува културата на заблуда и цензурата, што ја спроведува Си во врска со ширењето на коронавирусот во Кина. Професорот од Цингуа Универзитетот, еден од врвните универзитети во Кина, во 2018 година се изјасни против укинувањето на ограничувањата на претседателските мандати. јт/

Остани поврзан