Кина ослободи од затвор Американец кој бил лажно обвинет
- Кина го ослободи 68-годишниот Американец Дејвид Лин по 18 години затвор. Тој беше осуден на доживотен затвор под лажни обвиненија за измама при склопување на договори, соопшти американската Влада
Вашингтон, 16 септември 2024 (МИА) – Кина го ослободи 68-годишниот Американец, Дејвид Лин по 18 години затвор. Тој беше осуден на доживотен затвор под лажни обвиненија за измама при склопување на договори, соопшти американската Влада.
Предвидено е Лин денеска да пристигне во Сан Антонио.
Стејт департментот оценува дека Лин е еден од тројцата американски државјани кои се неправедно затворени во Кина. Другите двајца се Марк Свидан и Кај Ли.
Ослободувањето на Лин е само неколку недели пред средбата на американскиот советник за нациоанлна безбедност Џејк Саливен со кинескиот министер за наворешни работи Ванг Ји во Пекинг. ми/
фото: МИА архива