• вторник, 19 ноември 2024

Кина и Русија ги унапредуваат своите врски во одбраната на „повисоко ниво“

Кина и Русија ги унапредуваат своите врски во одбраната на „повисоко ниво“

Москва/Пекинг, 31 јануари 2024 (МИА) - Новиот кинески министер за одбрана, Донг Јун, денеска првпат разговараше со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, при што двајцата министри се договорија да ги унапредат своите воени врски на „повисоко ниво“, јави Анадолија.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека по речиси еден месец откако е назначен за нов министер за одбрана, Донг Јун, денеска го имаше својот прв видео-разговор со рускиот колега, Сергеј Шојгу,  на кој и двете страни се согласија да „продолжат да ја прошируваат практичната соработка и да ги подобрат воените врски на повисоко ниво“.

-Кинеската и руската војска мора да го спроведат важниот консензус постигнат од двајцата шефови на држави, одлучно да одговорат на глобалните предизвици, континуирано да ја зајакнуваат меѓусебната стратешка доверба и да придонесат за продлабочување на односите меѓу Кина и Русија, рече Донг.

Во разговорот било нотирано дека годинава се навршуваат 75 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Русија.

Донг, како поранешен командант на воената морнарицата, го наследи генералот Ли Шангфу кој беше сменет во октомври минатата година. сд/

Остани поврзан