Кина го лансираше сателитот „Хаишао-1“ за да ги набљудува промените во океаните
- Кина денеска успешно го лансираше сателитот „Хаишао-1“ за далечинско набљудување на глобалните промени во океаните, јави државната новинска агенција, цитирајќи ја кинеската корпорација за аерокосмичка наука и технологија.
Пекинг, 4 декември 2024 (МИА) - Кина денеска успешно го лансираше сателитот „Хаишао-1“ за далечинско набљудување на глобалните промени во океаните, јави државната новинска агенција, цитирајќи ја кинеската корпорација за аерокосмичка наука и технологија.
Корпорацијата соопшти дека лансирањето се случило во 12:46 часот по пекингшко време од Центарот за лансирање на сателити Сичанг со модернизирана ракета-носач „Куижоу-1А“. Ова е 28-ма мисија според програмата „Куајжоу“.
Пекинг активно ја развива својата национална вселенска програма, развива метеоролошки, телекомуникациски и навигациски сателити и технологии за истражување на Месечината. Се спроведуваат проекти за проучување на астероиди и Марс. рп/
Фото: МИА архива