• четврток, 26 декември 2024

Кина годинава ја забележа најтоплата есен од почетокот на официјалните мерења во 1961 година

Кина годинава ја забележа најтоплата есен од почетокот на официјалните мерења во 1961 година

Пекинг, 4 декември 2024 (МИА) - Кина годинава ја забележа најтоплата есен од почетокот на официјалните мерења во 1961 година, со зголемување на температурата за 1,5 степени во однос на просечната, соопшти денеска Националниот центар за клима.

Од 1 септември до 30 ноември просечната температура на национално ниво беше 11,8 степени Целзиусови, а просекот на мерењата изнесуваше 10,3 степени, соопшти Центарот во објава на кинеската социјална мрежа WeChat.

Кина, најголемиот светски емитер на јаглерод диоксид, се соочува, како и остатокот од светот, со значително зголемување на просечните температури, што доведува до се почести епизоди на топлотни бранови, суши и поплави.

Кина, исто така, поминува низ брза урбанизација и индустријализација.

Пекинг вети дека неговите емисии на јаглерод диоксид ќе го достигнат својот врв во 2030 година, а потоа ќе се намалат и ќе стигнат до нулта нето емисии во 2060 година.

Исклучително високите температури забележани есента различно ги погодија кинеските територии, се вели во долга статија од Националниот центар за клима. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан