Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги зајакне односите со Кина
- Северна Кореја ќе го зајакне пријателството и врските со Кина, се вели во телеграмата испратена од лидерот на земјата Ким Џонг-ун до кинескиот претседател Шји Џинпинг.
Пјонгјанг, 10 март 2026 (МИА) - Северна Кореја ќе го зајакне пријателството и врските со Кина, се вели во телеграмата испратена од лидерот на земјата Ким Џонг-ун до кинескиот претседател Шји Џинпинг.
Ким Џонг-ун му се заблагодари на својот кинески колега за честитките за неговиот повторен избор за генерален секретар на Работничката партија на Кореја на 9-тиот Конгрес на партијата.
„Да се продолжи со зајакнување и развивање на традиционалното корејско-кинеско пријателство во согласност со барањата на новата ера и аспирациите на народите на двете земји - ова е непоколебливата позиција на нашата Партија и владата на републиката. Се надевам дека на патот на унапредување на заедничката социјалистичка кауза, интеракцијата меѓу двете партии, двете земји - ќе биде поблиска“, се вели во телеграмата.
Деветтиот Конгрес на партијата се одржа во Пјонгјанг од 19 до 25 февруари. На него учествуваа пет илјади делегати и две илјади набљудувачи. мс/ссм/
фото: Архива