• вторник, 21 април 2026

Кикиљас: Приоритет е заштитата на Крит од нелегална миграција

Кикиљас: Приоритет е заштитата на Крит од нелегална миграција

Атина, 20 април 2026 (МИА) – Современите криумчари, кои го искористуваат човечкиот живот во бизнис вреден милиони, ја најдоа оваа рута од Либија кон Крит. Клучен е начинот на кој ќе се организираме и ќе реагираме за нелегалната миграција. Крит е наш прв приоритет, истакна министерот за поморство на Грција Василис Кикиљас за време на неговата посета на грчкиот остров, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас се осврна на стратешкиот план што на Министерството за зајакнување на крајбрежната служба, и во однос на опремата и во однос на бројот на припадници, истакнувајќи дека во тек се постапките за набавка на брзи патролни чамци, бродови за отворено море и дронови, како и вработувањето на 500 нови припадници во службата.

- Се обидуваме во тешко време со војни, граѓанска војна во Судан, мигрантски бранови итн., да се организираме на најдобар можен начин, за крајбрежната служба да ја врши својата работа, а тоа е нашата мисија. Паралелно, во соработка со сите институции, се организираме и координираме за да можеме ефикасно да управуваме со мигрантските бранови на Крит, нагласи министерот.

Дел од новите планирани 500 вработувања во крајбрежната служба ќе бидат и на Крит, островот што во изминатиот период е дел од јужната мигрантска рута. ср/ми/

Фото: Министерство за поморство на Грција

Остани поврзан