• вторник, 21 април 2026

Ердоган најави построги правилата за оружје по нападите во училиштата

Ердоган најави построги правилата за оружје по нападите во училиштата

Анкара, 20 април 2026 (МИА) – Турција ќе ги заостри правилата за поседување оружје и ќе ги зголеми казните за сопствениците чии деца ќе дојдат во допир со огнено оружје, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган по смртоносните напади во училиштата минатата недела.

Во вториот од двата одвоени напади беа убиени осум ученици и еден наставник во југоисточната провинција Кахраманмараш, што ја шокираше јавноста во земјата каде што вакво насилство е реткост. Ердоган најави и дополнителни мерки за следење на интернетот како дел од одговорот на Владата на инцидентите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан