Киев: Царинските мерки на САД се тешки, но подносливи за Украина
- Украинската министерка за економија, Јулија Свириденко, изјави денеска дека новите американски царини претставуваат значителен товар, но не и критична закана за украинската економија.

Киев, 3 април 2025 (МИА) - Украинската министерка за економија, Јулија Свириденко, изјави денеска дека новите американски царини претставуваат значителен товар, но не и критична закана за украинската економија.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа најави царини од најмалку 10 отсто за увозот од сите земји, додека за стоката од Европската Унија царинската стапка ќе изнесува 20 отсто.
„Што значат новите американски царини за Украина? Товар се, но не и критични“, напиша Свириденко на социјалната мрежа Икс.
Таа додаде дека Украина минатата година извезла стоки во вредност од 874 милиони долари, додека увозот од САД достигнал 3,4 милијарди долари. ссм/
фото: архива