• среда, 21 август 2024

Киев: Руски крстосувачки ракети соборени над Киев

Киев: Руски крстосувачки ракети соборени над Киев

Киев, 20 август 2024 (МИА) – Русија утрово го нападнаа Киев со крстосувачки ракети, најверојатно Искандер-К, а проектилите се соборени на приодите кон градот, соопшти воената управа на Киев.

Руските сили го нападнаа Киев од север, се вели во соопштението и се додава дека ова е петти ракетен напад врз Киев овој месец, пренесува Укринформ.

Ракетите се уништени со средства за противвоздушна одбрана на приодите кон градот и во моментов нема информации за штета или евентуални жртви.

Во главниот град на Украина и во голем број источни и северни региони претходно беше објавена воздушна тревога поради опасност од ракетен напад. јт/

Фото: Воена управа на Киев на Фејсбук

Остани поврзан