• вторник, 25 јуни 2024

Киев: На границата со Украина има 90 илјади руски војници

Киев: На границата со Украина има 90 илјади руски војници
Киев, 3 октомври 2021 (МИА) - Русија, по воените вежби во близина на границата со Украина, остави дел од воените единици, а на тоа подрачје има 90 илјади војници, соопштија денеска од Киев. „Руските вооружени сили одржаа серија големи вежби во втората половина на оваа година, вклучително и воздушни маневри“, соопшти украинското Министерство за одбрана. По воените вежби, како што се наведува, единиците на 41-та армија останале во европскиот дел на Русија на оддалеченост од околу 260 километри од украинската граница. „Руската Федерација периодично прибегнува кон практика на префрлање и акумулирање воени единици со цел да се одржи напнатоста во регионот и да се врши политички притисок врз соседните земји“, се наведува во соопштението на Министерството во Киев. Министерството во понеделникот ги демантираше медиумските извештаи дека Русија го засилува своето воено присуство на границата, наведувајќи дека не било забележано дополнително зголемување на руски војници и оружје. паг/    

Остани поврзан