Кејн без трофеј на дебито за Баерн
- Фудбалерите на Лајпциг го освоија синоќа Суперкупот на Германија, откако во Минхен го совладаа Баерн со 3-0.
Минхен, 13 август 2023 (МИА) – Фудбалерите на Лајпциг го освоија синоќа Суперкупот на Германија, откако во Минхен го совладаа Баерн со 3-0.
Стрелец на сите три голови беше Дани Олмо во 3., 44 и 68 минута.
За Лајпциг ова е втора Суперкуп титула во клупската историја.
Во редовите на Баерн во второто полувреме дебитираше капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, кој неколку часови претходно го комплетираше трансферот од Тотенхем. ег/паг/
Фото: Фејсбук