• недела, 22 декември 2024

Кер по победата над Србија: Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот

Кер по победата над Србија: Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Селекторот на американската кошаркарска репрезентација, Стив Кер по победата над Србија во полуфиналето на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз го повтори општиот впечаток дека „орлите“ се одлична репрезентација и не е лесно да се победи таков тим по трет пат. 

-Ние ги победивме двапати и ниеден натпревар не беше толку конкурентен и мразам таква ситуација. Имавме чувство дека ова ќе биде многу тежок натпревар и мислам дека Србија одигра совршен натпревар. Погодија многу шутеви, Аврамовиќ постигна четири тројки во првото полувреме, тоа не е очекувано. Но, ова е моментот, ова се Олимписки игри и нивните играчи беа брилијантни, беше првото нешто што го кажа шефот на стручниот штаб на српскиот ривал.

Не се запре со комплименти кон Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ, Алекса Аврамовиќ... за се што пружија вечерва во 40 минути голема борба под двата коша.

-Тие беа под притисок, тоа е одличен и класичен тим. Играат многу ангажирано, играат одлично заедно и искрено сум понизен, навистина понизен што бев дел од тој натпревар. Тоа беше еден од најдобрите кошаркарски натпревари во мојот живот и секогаш ми е жал за тимот што губи во овие случаи. Очигледно сум многу среќен што победивме, но видов некои српски играчи како плачат на теренот и навистина ми беше жал за нив бидејќи направија се како што треба и играа убава кошарка. Многу сум благодарен што бев дел од тоа, искрен беше тренерот на Голден стејт Вориорс. дс

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан