• недела, 22 декември 2024

Кац: Рековме дека ако Иран го нападна Израел ние ќе го нападнеме Иран

Кац: Рековме дека ако Иран го нападна Израел ние ќе го нападнеме Иран

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во интервју за армиското радио истакна дека внимателно се одмеруваат чекорите по големиот напад од Иран.

- Рековме: Ако Иран го нападне Израел, ние ќе го нападнеме Иран. И таа посветеност сè уште важи, посочи Кац.

Тој додаде дека за евентуалниот одговор ќе се дебатира на средбата на Воениот кабинет со кој претседава премиерот Бенјамин Нетанјаху, што е закажана за 15 часот и 30 минути по локално време.

Според Кац на средбата „ќе бидат донесени соодветни и исправни одлуки“.

Во меѓувреме неименуван висок израелски претставник за Си-ен-ен изјави дека Израел ќе одговори на нападот на Иран, само треба да биде одреден опсегот на одговорот. Според него Израел треба да одлучи дали ќе изврши голем или одмерен напад. ми/

фото: Икс

Остани поврзан