Католичката и Протестантската црква во Германија нема да се откажат од мисите за Велигден
- Претставници на двете најголеми германски христијански цркви, католичка и протестантска, денеска изразија „изненадување“ од мерките на федералната и покраинските влади за одржување на велигде
Берлин, 23 март 2021 (МИА) - Претставници на двете најголеми германски христијански цркви, католичка и протестантска, денеска изразија „изненадување“ од мерките на федералната и покраинските влади за одржување на велигденски верски церемонии без присуство на верници и најавија дека нема да ги следат препораките на властите.
- За време на Божиќ, покажавме дека, со претпазливост, можеме да одржиме миса во присуство на верници. Затоа не сакаме да се откажеме од велигденската миса, истакна претседател на Германската бискупска конференција Георг Батицинг.
Протестантската црква во Германија досега одбиваше да ја коментира препораката на федералните и покраинските влади и најави консултации со политички претставници.
Претседателот на германскиот протестантски совет Хајнрих Бедфорд-Стром изрази зачуденост од синоќешната одлука на федералните и покраинските влади.
Тој најави дека Протестантската црква прво ќе се обиде да дознае од политичарите зошто се недоволни предложените концепти и потоа ќе се одлучи дали ќе се одржи миса со присуство на верници.
На состанокот синоќа претставниците на федералните и покраинските влади одлучија да не забрануваат богослужба за време на Велигден, но апелираа до христијанските заедници да се фокусираат на одржување виртуелни миси поради нагло влошената епидемиолошка состојба. ми/