• петок, 22 ноември 2024

Абдулрахман ал Тани: Има напредок во преговорите за заложниците во Газа

Абдулрахман ал Тани: Има напредок во преговорите за заложниците во Газа

Доха, 25 октомври 2023 (МИА) - Катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал Тани денеска изјави дека има одреден напредок во преговорите за заложниците киднапирани од палестинската милитантна група Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

„Доколку успееме да постигнеме договор меѓу двете страни, се надевам дека наскоро ќе видиме одреден напредок. Преговорите се уште се во тек“, рече Aл Тани на прес-конференција.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, тој додаде дека бројот на убиени деца во Газа го надминува бројот на убиени деца во Украина. „Но, не сме ја виделе истата реакција“, рече катарскиот премиер.

Катар и Египет посредуваат во преговорите меѓу Израел, САД и Хамас за ослободување на затворениците. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан