Карни: Преговорите со САД ќе продолжат по изборите во Канада
- Премиерот на Канада, Марк Карни денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги суспендира царините за 90 дена е „одмор“ за светската економија

Отава, 10 април 2025 (МИА) - Премиерот на Канада, Марк Карни денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги суспендира царините за 90 дена е „одмор“ за светската економија.
- Во овој контекст, Канада треба да продолжи да ги продлабочува своите односи со трговските партнери кои ги споделуваат нејзините вредности, вклучително и слободната и отворена размена на стоки, услуги и идеи, наведе Карни.
Тој најави дека преговорите помеѓу Отава и Вашингтон за „нови економски и безбедносни односи“ ќе продолжат по парламентарните избори во Канада.
Канада, главен трговски партнер на САД, релативно беше поштедена од последната рунда царини на Вашингтон. Но, се уште се во сила претходните мерки на администрацијата на Трамп, зголемените царини на 25 проценти за целиот извоз од соседна Канада, со исклучок на енергетските производи, кои се оданочуваат со 10 проценти.
Канада возврати со воведување царини од 25 проценти на некои американски извозни производи. ми/
фото: ЕПА