Кари ја доби наградата „Карим Абдул-Џабар“
- Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата „Карим Абдул-Џабар“, која им оддава почит на сегашните играчи за нивната посветеност на социјалната правда и залагање за долгогодишните вредности на лигата.
![Кари ја доби наградата „Карим Абдул-Џабар“](https://new.mia.mk/images/20230523183525_big_730x400_50.webp )
Сан Франциско, 23 мај 2023 (МИА) – Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата „Карим Абдул-Џабар“, која им оддава почит на сегашните играчи за нивната посветеност на социјалната правда и залагање за долгогодишните вредности на лигата.
Кари беше избран од пет номинирани. Оваа година за наградата претендираа и: Крис Пол (Феникс), Џерен Џексон (Мемфис), Тре Џонс (Сан Антонио) и Грант Вилијамс (Бостон).
Претходни победници беа Кармело Ентони и Реџи Булок. зс/
Фото: ЕПА