• петок, 02 август 2024

Кари пред мечот со Јужен Судан: Имаме почит за противникот

Кари пред мечот со Јужен Судан: Имаме почит за противникот

Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Американскиот кошаркарски репрезентативец Стеф Кари зборуваше за пристапот на натпреварот со Јужен Судан.

- Го респектираме нашиот противник. Знаеме дека не можеме да одиме поспани на теренот на ниту еден натпревар и да очекуваме победа, истакна Кари.

Јужен Судан тесно загуби од Американците во неодамнешниот пријателски натпревар пред да го порази Порторико во нивното деби на Игрите.

Средбата САД – Јужен Судан од 2. коло Ц-група на Олимпијадата во Париз ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.

Претходно (17:15 часот) во оваа група ќе играат Србија – Порторико. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан