• недела, 22 декември 2024

Кариман од Кавадарци: Аваја е новиот извор на надеж и спас за ромскиот народ

Кариман од Кавадарци: Аваја е новиот извор на надеж и спас за ромскиот народ

 Кавадарци, 29 април 2024 (МИА) - И големите и малите партии, вклучително и ромските партии со нив, се плашат од Аваја, затоа што Аваја доаѓа да стави крај на лошата политика во Македонија, порача Акиф Кариман, претседател на Аваја, на средба со жителите на Кавадарци.

Според него, нивните гласачи во првиот круг на претседателски избори излегле во мал број. 

- Не ја дадоа својата поддршка на политичари коишто сигурно ќе се пензионираат после овие избори и не подржуваат политичари кои на секои следни избори одат од една во друга партија и се кријат позади нив. Овојпат имаме избор. Или ќе избереме некој кој нема да помогне да напредуваме или ќе гласаме за Аваја којашто ќе даде се од себе и целото наше знаење, за да ја унапредиме состојбата на нашиот народ, порача Кариман.

Тој нагласи дека Аваја е новиот извор на надеж и спас. 

Носителот на листа на кандидати за пратеници во Четвртата изборна единица, Кемал Сулјеманов, подвлече дека е време да се покаже заедничка сила, за промена на политичката сцена. 

-Да дадеме поддршка на наши луѓе и политичари кои доаѓаат од нашите маала, меѓу нашите комшии и политичари коишто доаѓаат од народот, кои ќе бидат цело време со нас. Доста гласаме за трети и непознати лица и политички партии коишто не го ценат нашиот повик и нашиот глас. На 8 мај ќе покажеме дека имаме наши луѓе кои може да ги решат проблемите и кои постојано ќе бидат со нас. Ние сме сплотени и ќе направиме промени на изборите, рече Сулејманов.

По средбата со кавадарчани, претставниците на Аваја беа на средба со жителите на Радовиш. свд/хс/

Фото: Аваја 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан