• сабота, 18 мај 2024

Карантин во хотел во Абу Даби поради Ковид-19

Карантин во хотел во Абу Даби поради Ковид-19
Абу Даби, 28 февруари 2020 (МИА) - Гостите во два хотели во Абу Даби кои биле во контакт со двајца италијански професионални велосипедисти заразени со новиот коронавирус се задржани во изолација. Информацијата ја пренесе државната новинска агенција и некои светски медиуми. Поради инфекцијата, откажани се последните две етапи од велосипедската трка низ ОАЕ. Иако во трката учествуваат и некои од најдобрите велосипедисти во светот, последните две етапи беа откажани бидејќи вчера беше дијагностициран новиот коронавирус кај двајца велосипедисти Италија. Луѓето кои биле во контакт со двајцата италијански спортисти се изолирани во нивните домови, соопшти Секретаријатот за здравство на Абу Даби. јт/

Остани поврзан