• понеделник, 04 ноември 2024

Караванот за имунизација против Ковид-19 денеска беше во Струмица

Караванот за имунизација против Ковид-19 денеска беше во Струмица
Струмица, 24 март 2022 (МИА) - ЈЗУ Здравствен Дом - Струмица во соработка со Министерство за здравство и поддршка од СЗО, УНИЦEФ и УСАИД денеска организираше имунизација против Ковид-19 на Градскиот плоштад во Струмица во рамки на караванот за вакцинирање. Граѓаните најмногу се интересираа за примање трета доза вакцина, а имаше и такви кои вакцина примиле во странство и тука ги евидентираа примените дози. -Апелираме до сите граѓани кои досега не се вакцинирале тоа да го направат за да се стекнат со имунитет против Ковид-19 и да се заштитат против тешка форма на болеста и смрт. Треба да бидеме одговорни и да се вакцинираме ние и нашите најблиски, истакна директорката на струмичкиот здравствен дом, Љубица Митева. Информираше дека во Струмичко досега се аплицирани 57.194 дози вакцини во периодот од почетокот на имунизацијата до завчера. Караванот вчера беше во Радовиш, а утре продолжува во Општина Ново Село. рт/вј/

Остани поврзан