• понеделник, 23 декември 2024

Кандидатите за градоначалник на Центар Жупа го потпишаа кодекс за фер и демократски избори, но не се сретнаа

Кандидатите за градоначалник на Центар Жупа го потпишаа кодекс за фер  и демократски избори, но не се сретнаа
Дебар, 26 септември 2021 (МИА) – Врз основа на Изборниот законик, а во организација на Општинската изборна комисија, кандидатите за градоначалник на Центар Жупа, денеска потпишаа кодекс за фер и демократски избори, но не се сретнаа. - Двајцата кандидати за градоначалник го потпишаа кодексот одвоено зашто не пристигнаа истовремено во договореното време. Едниот од нив доцнеше малку повеќе, па кодексот го потпиша прво кандидатот Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците, а потоа, Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Во оваа општина за 11-те места во Советот на општината во трка се 66 кандидати кои се наоѓаат на шест кандидатски листи. - Кандидатски листи за советници имаат Турската демократска партија, каде носител на листата е Бирџан Селман, СДСМ со коалицијата, Ајрис Беќироски, ВМРО ДПМНЕ, Нукри Данчески, Партијата движење за национално единство на Турците, Џанер Сезаир, ДУИ, Зеќир Исени и Партијата за движење на Турците, Зуди Адем, рече Илјаз. Кодексот вчера го потпишаа тројцата кандидати за градоначалник на Дебар, по што заедно имаа и кафе средба. Во оваа општина, за 15-те места во советот кандидатски листи имаат СДСМ со коалицијата, каде носител е Зеќир Демироски, ДУИ со носител Фуат Спахиу, ВМРО ДПМНЕ, Асип Первизоски, Беса, Илир Косоврасти и со заедничка листа настапуваат Алијанса за Албанците-Алтернатива, на чија листа носител е Џемаил Чупи. Двете општини потпаѓаат под Изборна единица број 5. Во општина Дебар ќе се гласа на 27 додека во општина Центар Жупа на 16 избирачки места. вт/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан