• среда, 26 јуни 2024

Канадскиот премиер разговарал со израелскиот претседател за нападите на Хамас

Канадскиот премиер разговарал со израелскиот претседател за нападите на Хамас

Отава, 23 октомври 2023 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека разговарал со израелскиот претседател Јицак Херцог за нападите на палестинската исламистичка група Хамас.

„Разговаравме за заложниците кои ги држи Хамас и за неопходноста од нивно итно ослободување“, вели Трудо во објавата на платформата Х.

Тој додаде дека „Канада го поддржува правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан