• петок, 22 ноември 2024

Канада и дозволи на Украина да ги користи орудијата што и ги подари на руска територија

Канада и дозволи на Украина да ги користи орудијата што и ги подари на руска територија

Киев, 16 август 2024 (МИА) - Канадското Министерство за одбрана и дозволи на украинската армија да ги користи тенковите и оклопните возила донирани од неа за операција на територијата на Русија, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на соопштение на канадската телевизија Си-Би-Си.

-Канада не наметнува територијални ограничувања за употребата на воената опрема што и ја донира на Украина, рече портпаролката на министерството, Андре-Ан Пулин.

Таа додаде дека Украинците најдобро знаат како да ја бранат својата татковина и оти „се посветени да ги поддржат нивните способности“.

Канада испрати во Киев осум тенкови Леопард 2А4, неколку десетици оклопни борбени возила и стотици патролни оклопни возила, како и неколку хаубици М-777, потсети канадската телевизија.

Претходно, британското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека британското оружје би можело да го користат украинските сили за време на нивната операција во Русија, но ограничувањата наметнати за употреба на ракетите со долг дострел „Сторм Шедоу“ (Storm Shadow) остануваат, додадоа украинските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан