• вторник, 05 ноември 2024

Казни за 220 пешаци за прекршоци направени на територијата на цела држава

Казни за 220 пешаци за прекршоци направени на територијата на цела држава
Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците казнети се 220 пешаци од кои, 204 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин...
 
За време на контролата, информираа денеска од МВР, санкционирани се и 107 други видови на прекршоци.
 
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. цр/
 
Фото:МИА

Остани поврзан