• понеделник, 23 декември 2024

Казнети 92 возачи за брзо возење на територијата на СВР Тетово

Казнети 92 возачи за брзо возење на територијата на СВР Тетово
Скопје, 6 јануари 2022 (МИА) - На територијата на СВР Тетово денеска во периодот од 12.00 до 16.00 часот спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 92 возачи. Како што соопшти МВР, од нив 15 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. вг/ 

 

Остани поврзан