• петок, 17 мај 2024

Казнети 203 возачи во Скопје, 80 за брзо возење

Казнети 203 возачи во Скопје, 80 за брзо возење

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - На територија на градот Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на контролите во областа на сообраќајот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, изечени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и пет мерки за возење без возачка дозвола, 10 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за некористење сигурносен појас и четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР со апел за почитување на сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта. вг/

Остани поврзан