• петок, 17 мај 2024

Казнети 118 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Казнети 118 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Сто и осумнаесет возачи се казнети во Скопје, од кои 37 за брзо возење, во сообраќајна контрола вчера од Секторот за внатрешни работи Скопје.

-Изречени се пет санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло..., информира Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан