• сабота, 23 ноември 2024

Казнети 10 лица за прекршувања на забраната за движење, 242 санкции за неносење маска 

Казнети 10 лица за прекршувања на забраната за движење, 242 санкции за неносење маска 
Скопје, 22 март 2021 (МИА) - Казнети се 10 лица кои не ја почитувале забраната за движење од 22 часот (21.03.2021) до 05 часот (22.03.2021), соопштија денеска од МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 242 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата. цр/дма/

Остани поврзан