• петок, 05 јули 2024

Кадетките на КК Крива Паланка остварија убедлива победа во Неготино

Кадетките на КК Крива Паланка остварија убедлива победа во Неготино
Крива Паланка, 13 февруари 2022 ( МИА) - Кошаркарките од кадетскиот состав на „Крива Паланка" денеска остварија убедлива победа на гостувањето кај врсничките од ЖКК "Спорт тим", Неготино. Натпреварот од М-16 лигата за девојки заврши со резултат 20:68, а домаќините беа немоќни пред налетот на подмладениот состав на кривопаланчанки. -Оваа екипа денес одигра прв натпревар од вториот дел на кадетското првенство во групата исток, кадешто засега сме червртопласирани. Тимот е подмладен, покрај носителите и стартната постава девојчиња родени генерација 2006/07, значајна минутажа добија и помладите кадетки, родени 2008/09 кои допрва ќе го имаат својот збор на теренот.  Секоја секунда помината на паркетот за нив значи драгоцено искуство кое треба да го пренесат во својата лига. Јас сум презадоволен од ставот и борбеноста што сите кошаркарки ги прикажаа во играта, а мојата порака до сите нив е упорната работа на себе да ја продолжат секој ден. Така, успехот ќе дојде сам по себе, рече Виктор Петровски, тренер на КК Крива Паланка. Кадетките следниот натпревар го играат за две седмици на домашен терен против КК Пробаскет, Пробиштип. иб/свс

Остани поврзан