• недела, 22 декември 2024

Кавани ја заврши репрезентативната кариера

Кавани ја заврши репрезентативната кариера

 

Монтевидео, 31 мај 2024 (МИА) – Прославениот уругвајски фудбалер Едисон Кавани (37) објави синоќа дека ја завршува репрезентативната кариера, збогувајќи се со националниот дрес како втор најдобар стрелец во историјата на својата земја,

Кавани рече дека донел одлука да стави крај на репрезентативната кариера за да може да се фокусира на крајот на клупската кариера.

Уругвајскиот напаѓач во моментов настапува за аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

„Бев благословен да го носам овој дрес и да го претставувам она што најмногу го сакам во светот, мојата земја“, изјави Кавани.

За уругвајскиот тим Кавани одигра 136 натпревари и го зазема третото место на вечната листа зад Диего Годин (161) и Луис Суарез (137).

Со репрезентацијата учествуваше на четири светски првенства, а во националниот дрес постигна 58 голови. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан