• недела, 05 мај 2024

Кавадарчани приведени за кражба на дабови дрва, неготинец за агресивно однесување кон братот и таткото 

Кавадарчани приведени за кражба на дабови дрва, неготинец за агресивно однесување кон братот и таткото 

Кавадарци, 10 март 2024 (МИА) - Двајца кавадарчани биле приведени за кражба на дабови дрва, неготинец за агресивно однесување кон братот и таткото, информираа денеска од СВР Велес. 

- Вчера околу 07:40 часот во Кавадарци, од страна на полициски службеници биле приведени кавадарчаните  В.С.(32) и А.Р.(26). Приведувањето било поради тоа што при извршена проверка во нивните патнички возила „хјундаи“ и „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени дабови огревни дрва. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. 

Како што информираа оттаму, рано изутринава во 03:30 часот, полициски службеници го привеле А.М.(23) од Неготино, затоа што агресивно се однесувал кон неговиот брат и неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. свд/дма/

ФотоМИА архива

 

Остани поврзан