• петок, 22 ноември 2024

Приведен кавадарчанец под сомнение дека превезувал мигранти и возилото излетало од патот при што загинало едно лице

Приведен кавадарчанец под сомнение дека превезувал мигранти и возилото излетало од патот при што загинало едно лице

Скопје, 19 јануари 2024 (МИА) - Триесет и деветгодишниот Г.Ш. од Кавадарци, со привремен престој во Гевгелија, вчера бил лишен од слобода затоа што на 12 јануари возејќи мигранти излетал од патот кај Дојран, при што загинало едно лице.

Тој бил приведен од страна на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ.

- По преземени мерки и активности, дојдено е до сознание дека на 12 јануари околу 20 часот, тој го управувал патничкото моторно возило „крајслер“, кое во близина на Дојран излета во провалија, а во кое превезувал 11 лица мигранти од Сирија, од кои едно лице почина, а останатите се здобија со повреди. Според пријавеното, пред да излета возилото, тој скокнал од него и го напуштил местото, појаснуваат денеска од МВР. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан