• сабота, 13 декември 2025

Кавадарци одбележа осум години од воведувањето на „Мој општинар“

Кавадарци одбележа осум години од воведувањето на „Мој општинар“

Кавадарци, 12 декември 2025 (МИА) - Кавадарци одбележа осум години од воведувањето на службата „Мој општинар“.

-Денес го одбележуваме осмиот роденден на „Мој општинар“, служба воведена од градоначалникот Митко Јанчев со цел да се подобри комуникацијата меѓу Општина Кавадарци и граѓаните. Во изминатите години, „Мој општинар“ прерасна во тим кој секојдневно е на терен, слуша, бележи и пренесува забелешки, предлози и потреби до општинските служби. Преку нивната работа, многу мали, но, важни проблеми се решаваат побрзо. Но, „Мој општинар“ е заслужен и за големи и важни проекти од исклучителна важност за нашата општина, наведе градоначалникот на неговата „Фејсбук“-страница.

Тој додаде дека службата учествува во активности како уредување на јавни простори, чистење на помали депонии, следење на урбани забелешки, поддршка на општински акции и помош при комуникација со институциите. Сè тоа не ги менува работите преку ноќ, подвлече градоначалникот, но, додаде, создава подобар, поорганизиран и потранспарентен систем.

-Продолжете со истата енергија, посветеност и пристапност, граѓаните го ценат тоа.

На уште многу години успешна и корисна служба, додаде Јанчев. свд/сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан