• вторник, 05 ноември 2024

Кавадаречкиот Совет донесе одлука за основање Јавно претрпијатие за енергетика „Кавадарци гас" 

Кавадаречкиот Совет донесе одлука за основање Јавно претрпијатие за енергетика „Кавадарци гас

Кавадарци, 16 јули 2024 (МИА) - Кавадаречкиот Совет денеска на вонредна седница донесе одлука за основање Јавно претрпијатие за енергетика „Кавадарци гас". Јавното претрпијатие е во сопственост на Општина Кавадарци, а средствата за вршење на дејноста, ќе ги обезбедува преку приходи од сопствено работење, од буџетот на Општината, од донации и спонзорства и од други извори во согласност со закон.

- Се основа јавно претпријатие за вршење на енергетски дејности од јавен интерес од локално значење за Општината, се утврдува дејноста на јавното претпријатие, основните услови и начинот на вршење на дејноста за која се основа, начиот на финансирање и други прашања од значење на јавното претпријатие, се вели во одлуката. 

Основната дејност на јавното претпријатие за енергетика ќе биде дистрибуција на гасовити горива преку дистрибутивни системи, во функција на основната дејност ќе врши и други дејности и тоа дистрибуција и трговија на гасовити горива преку дистрибутивните системи, трговија на гас преку дистрибутивните системи, снабдување со пареа и климатизација, трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи, складирање на стока. 

На седницата е донесена и одлука за издавање на гаранција за долгорочен кредит со својство на извршна исправа на ЈП „Комуналец“ Кавадарци. 

- Општина Кавадарци дава гаранција за задолжување на ЈП. „Комуналец“, за долгорочно задолжување, за набавка на специјални возила и опрема (три метларки, авто цистерна и камион со приклучна механизација за мулчирање и зимско одржување), со вкупен износ на задолжување од 20.000.000,00 денари, со  рок на отплата пет години, пишува во одлуката. свд/цр


Фото : МИА архива 

 

Остани поврзан